Актерот, кој ја имаше улогата на култниот Џон Рамбо за четири последователни филма, ќе ја предаде штафетата на помлад колега.
Во моментов сè уште не е познато кој ќе го одигра ликот на главниот лик во римејкот “Рамбо: Нова крв”.
Познати сепак се режисерот и сценаристот, а тоа се Ариел Вромен и Брукс Мекларен.
Според изданието “Холивуд репортер”, во новиот филм Рамбо ќе биде претставен како акционен херој во стилот на Џејмс Бонд.
Тоа е едно од ретките нешта познати за новиот филм, кој сè уште нема датум за почеток на снимањето или датум за пуштање во кината.