По скоро 30 години, Пинк Флоид објавија нова песна со цел да изразат поддршка на жителите на Украина.
“Hey, Hey, Rise-Up!” – ќе се користи за собирање на срества за помош на украинскиот народ.
Во спотот е вклучен и Андриј Хливниук, член на BoomBox -еден од најголемите украински бендови.
Хливниук ја напуштил светската турнеја со својот бенд за да се врати во Украина и да помогне во одбраната на својата татковина.
Ова е прва песна на Пинк Флоид од 1994 година, кога ја објавија “The Division Bell”.
Бендот ја повлече својата музика од сите руски и белоруски стримови, во знак на протест против инвазијата.