Лекари ја објаснуваат причината зошто се појавуваат лажни негативни резултати

Негативниот тест на корона вирус не секогаш значи дека лицето што се тестирало нема корона вирус.

Објаснувањето за ваквата „неточност“ на тестовите е тоа што е потребно да поминат неколку дена од моментот на заразата за вирусот да се покаже на тестот.

Знаеме дека инкубациониот период за Ковид може да трае и до 14 дена. Пред тоа, дури и ако сте заразени, може да сте негативни на тест затоа што работите често се одвиваат така во раните фази на инфекцијата. Но, тоа што сте негативни не мора нужно да значи дека не сте заразени и дека не го носите вирусот – вели д-р Лијана Вен за „Си-ен-ен“.

како што објаснува таа, таквото сценарие се појавува затоа што се уште не поминало доволно време од инкубацијата.

Студија објавена во магазинот „Annals of Internal Medicine“ се бави токму со лажните негативни тестови. Според ова истражување, во текот на четири дена од почетната инфекција, пред да се појават симптомите, речиси е потополно сигурно дека тестот ќе биде негативен.

На денот кога почнуваат да се појавуваат симптомите, веројатноста дека тестот ќе биде негативен е околи 38%. Три дена откако ќе почнат симптомите нивото на веројатност дека тестот ќе биде лажно негативен опаѓа на 20 отсто.

На вирусот му треба време доволно да се намножи во телото за тестот да го детектира – објаснува Џастин Леслер, еден од авторите на студијата и професор по епидемиологија на Џонс Хопкинс Блумерг школата за јавно здравје.

Луѓето претпоставуваат дека ако сте негативни, тоа е тоа. Меѓутоа малку е посложено – вели д-р Рошел Веленски, шефица на одделението за инфективни болести во болницата во Масачусетс.

таа објаснува дека е можно да е потребно да поминат и до две недели инкубација, иако просечно тоа се пет дена.

Главно се смета дека најинфективни сте два дена пред појавата на симптоми и два дена по појавата, а корона вирусот се шири толку лесно токму заради фактот дека се шири и кога немаме симптоми – вели д-р Веленски.
Постојат два главни видови тестови – молекуларни и антигенски

Молекуларните тестови, како ПЦР тестовите, го бараат генетскиот материјал на вирусите. Повеќето од овие тестови се прават преку брисови од нос или грло, иако некои може да се направат и преку плунка, објаснуваат од американската Управа за храна и лекови (ФДА).

Оттаму додаваат дека овој тест обично е мошне точен и нема потреба од повторување.

Антигенските тестови, пак, се вообичаено познати и како брзи тестови. Тие ги бараат специфичните протеини на површината на вирусите, а не генетскиот материјал на вирусите.

Добра вест е дека резултатот од тестот на антигени може да го добиете за помалку од еден час. Лошата вест е дека е поголема веројатноста оти ќе добиете лажно негативен резултат.