Лекција за бонтон: Дали треба да се соблечат чевлите кога се оди на гости?

Доаѓате на забава или вечера со пријателите во елегантен фустан и соодветни чевли, но на домаќините им е поважен чистиот под отколку вашата модна ревија.

Дали треба да ги собуете чевлите ако домаќинот го побара тоа од вас?
под или килим.

Ако сте дошле да поминете убава вечер со пријателите, не треба да ви пречи да ги собуете чевлите, односно удобното тапкање во чорапи или влечки.

Од друга страна, ако станува збор за вечера или некоја посвечена пригода, ретко кој ќе се чувствува пријатно во чорапи, а веројатно и домаќинот ќе направи се за неговите гости да се чувствуваат добро, па нема да побара од вас да ги соблечете обувките.