Леонардо Ди Каприо е во врска со ќерката на Ал Пачино

Холивудскиот заводник, актерот Леонардо Ди Каприо официјално е во врска дваесетгодишната аргентинка Камила Мороне.
Двојката се појави на фестивалот Коачел и го привлече вниманието на присутните но и на папараците.
Ди Каприо наполни 43 години и е познат по честото менување на своите партнерки кои секогаш се атрактивни убавици, најчесто русокоси.
Камила Мороне е позната во јавноста и како посвоената ќерка на легендарниот Ал Пачино. Имено нејзината мајка, 42 годишната Лусила Сола е долгогодишна девојка на Пачино кој буквално ја одгледал младата Камила.
Колку ќе трае новиот љубовен занес на Ди Каприо, останува да видиме.