Оскаровецот Леонардо Дикаприо мора да се појави на суд и да сведочи во процесот во кој Ендру Грин ги тужи авторите на филмот „Волкот од Волстрит“.
Доколку не се појави на суд, ќе биде приведен.
Ендру Грин, некогаш соработник на Џордан Белфорд, според чија биографија е снимен хитот на Мартин Скорсезе, ги тужел авторите на филмот дека му ја уништиле репутацијата.
Тој бара од нив повеќе од 50 милиони долари.
Лео
Иако неговото име не се спомнува никаде во филмот, тој тврди дека ликот на Ники „Руграт“ Коскоф е направен според него.
Му пречело тоа што постојано го исмејувале и дека е прикажан како зависник од дрога.
„Ликот на Коскоф се состои од различни луѓе од животот на Џордан“, рекле авторите на филмот. Но, Грин инсистира Дикаприо, кој го глуми Џордан Белфорд во „Волкот од Волстрит“ да се појави на судот.
Грин сака да докаже дека во разговорите со сценаристот слушнал дека токму Коскоф е осмислен според него.