Состојки:
500 гр замрзнато овошје без семки (сливи, вишни ..)
3 јајца
9 лажици шеќер
9 лажици масло
9 лажици брашно
1/2 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
сок и рендана кора од еден лимон
Подготовка:
Смрзнатото овошје се остава во еден сад да се одмрзне. Се додаваат 2-3 лажици шеќер.
Во еден сад за матење се матат посебно белките, а во друг се матат жолчките со сите останати состојки. На крај се додаваат изматените белки и полека се меша тестото. Едната половина од тестото се става во добро подмачкан плех, а во другата половина се додава одмрзнатото овошје што веќе омекнало и пуштило сок.
Полека се истура целата смеса во плехот и се полева со мала количина од сокот од овошјето.
Тестото се пече 30-40 мин на 200°C. Проверуваме дали е доволно печено со чачкалица – ја боцкаме чачкалицата до дното на плехот, ако остене сува по вадењето, тогаш колачот е готов, ако на неа остане тесто, тогаш му треба уште печење.
Готовиот колач се посипува со остатокот од сокот кој го пуштило овошјето и шеќерот. Се остава уште малку да се излади, па се посипува со шеќер во прав и цимет. Се сече на коцки и се сервира.
Добар апетит!