Летечка камера која го следи секој ваш чекор

Не, не се работи за дрон, туку за летечка камера со чија помош можете да правите селфи фотки, без потреба од стапот, чиј креатори се инжениерите од компанијата “Zero Robotics”.

Летечката камера со помош на пропелер ќе лебди над вас и ќе го бележи секој важен момент во вашиот живот. Користењето на летечката камера е едноставно, а овозможува правење на фотографии од 13 мегапиксели.

Неа ја движат четири мали пропелери, а вградена е пластична рамка која ја носи камерата.

Летечката камера дефинитивно поставува нови стандарди за роботиката. Оклопот на камерата е направвен од карбонски влакна, па предноста е што таа е тешка само половина килограм. Исто така, нема да ви биде потребна дозвола за нејзино користење, како што е тоа случај со дроновите.

Во камерата е вграден софтвер кој го одредува движењето на камерата во зависност од движењата на личноста која ја користи камерата. Нејзината најдобра карактеристика е тоа што самостојно ги следи движењата на телото, што може да се контролира и преку мобилна апликација.