Сандали, фустан или кафтан, марама, крема за сончање, омилената книга, пар очила за сонце… Нешто недостасува? Торба за на плажа, се разбира.
Торбите за на плажа веќе со години го задржуваат класичниот облик – главно направени од слама или лесно платно, тие се практични и прекрасен моден додаток.
Важно е да бидат огромни за да можат да соберат сè што ќе ви треба за цел еден ден.
Бесценет момент – ја отворате чантата за на плажа и ви се мешаат мирисот на сол, песок и крема за сончање.
Откако мислите ви одлутаа на плажа, време е да си ја одберете чантата по која ќе бидете забележани ова лето: