Состојки:
1 кг пилешко бело месо исечено како шницли
2 чаши кисело млеко
2-3 кисели краставички, исецкани на стапчиња
брашно
сол
Подготовка:
– Пилешките шницли истолчете ги, посолете и оставете ги да отстојат.
– Секоја извалкајте ја во брашно и пржете ја во врело масло.
– Кога ќе ги испржите сите шницли, вратете ги сите во тавата во која ги пржевте, додадете ги сецканите краставички и киселото млеко.
– Поклопете ја тавата, исклучете ја ринглата и оставете ги уште малку на топло.
– Служете со печени компирчиња или обарен зеленчук, по желба.