Лиам Пејан призна дека бил заљубен во Шерил Кол уште кога бил тинејџер

Лиам Пејн од бој бендот One Direction прв пат ја сретна Шерил на аудиција за „X Factor“, кога таа беше судија, а тој натпреварувач.

Денес се во врска и чекаат дете заедно, а Лиам има само пофални зборови за девојка му која е 10 години постара од него.

Во интервјуто за списанието „Rollercoaster“, Пејн изјавил дека тоа е девојката во која бил затрескан како тинејџер.

лиам пејн и шерил кол

„Видете, не сакам да звучи како клише, но чудно ми е кога секој ден се будам и буквално го живеам сонот. Се будам на најубави места, ја имам најубавата девојка на светот и таа е апсолутно фантастична. Таа беше мојата девојка од соништата уште кога бев тинејџер. Супер е“, изјави Пејн.