Ликот на Папата Франциско повеќе нема да стои на ватиканските монети

Ликот на папата Франциско повеќе нема да биде на монетите кои ги издава државата Ватикан.

Ликот на папата ќе биде заменот со неговиот грб и 12-те ѕвездички на Европската унија.

Папата Франциско, кого често го нарекуваат „папа на сиромашните“, редовоно ја критикува негативната моќ на парите.

евра

Ватиканското евро, кое е во оптек во сите земји на еврозоната, поради својата реткост главно е повлечен од оптекот и се препродава во шпекулативен пазар на колекционери.

Со договорите кои се на сила помеѓу ЕУ и Италија – која ги избработува монетите за Ватикан – утврдена е годишната квота на ватиканските пари.

монети- папа 1