Лила ги смируваше во студио: Земјотрес за време на „Се или нешто“ (видео)

Вчера околу 19:53 часот Скопје го затресе уште еден земјотрес кој беше со јачина од 4.0 степени по Рихтерова скала.

А, додека главниот град повторно се треше се снимаше новата сезона од квизот „Се или нешто“.

Благодарение на професионалзимот на водителката Лила Филиповски не настана паника во студиото, и ниту учесниците ниту публиката не станаа од своите места.

Лила се обиде да ги смири сите во студиото, иако учесниците беа уплашени.

Квизот по земјотресот продолжи да се снима без никакви проблеми.