Холивудската ѕвезда Линдзи Лохан се сретна со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, неговата сопруга Емина и седум годишното девојче Бана ал-Абед која вниманието на светските медиуми го привлече со твитувањето од разорнатиот Алепо.
Приемот се случил во резиденцијата на турскиот претседател, а Линдзи им донела на своите домаќини светло-сини беџови на кои го пишувало цитатот на самиот Ердоган: „Светот е поголем од пет“.
Овие зборови се однесуваат на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Британија, Кина, Франција, Русија и САД, пишува „Дејли мејл“.
Актерка се огласила и на Инстаграм каде што напишала дека трудот којшто семејството Ердоган го вложува да им помогне на бегалците од Сирија инспирира.
„Мирот почнува сега“, напишала Линдзи покрај фотографијата со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, неговата сопруга и Бана.
Ова е инаку првиот пост на Инстаграм којшто Линдзи го објави откако пред десетина дена ги избриша сите фотографии и остави само кратка порака „Алаикум Салам“, што во превод значи „Мир со вас“.