На сајтот „Celebrety net worth£ објавени се податоци кои покажуваат колку во својата кариера заработиле најбогатите музички ѕвезди во поранешна Југославија.
Според податоците на „Celebrety net worth“ фолк-дивата Лепа Брена е „тешка“ 16 милиони долари.
Починатиот фолк-пејач Шабан Шаулиќ според истиот извор во својата музичка кариера заработил 20 милиони долари.
Популарната пејачка Драгана Мирковиќ која е и сопственичка на сателитска телевизија, според заработката од 30 милиони долари е втората најбогата ѕвезда на овие простори.
Најбогатата музичка ѕвезда во поранешна Југославија е српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ со заработени 80 милиони долари во кариерата.
Според „ Celebrety net worth” популарноста на Цеца секоја година е во пораст по нејзиното појавување на естрадата во 1988 година.