“Louis Vuitton” претстави необични луксузни чанти

Флексибилните екрани привлекуваат се повеќе внимание, а многу компании ги користат за своите производи.

Кон овој тренд се приклучи и модниот бренд Louis Vuitton, кој произведе чанта со вграден флексибилен екран.

Louis Vuitton за своите чанти искористи AMOLED екран со резолуција од 1.920x.1.440 пиксели, кој може да се витка.

Станува збор за прототип на чанти, кои беа претставени во текот на модната ревија во Њујорк.

Засега нема информации чие производство се искористените екрани. Исто така, не е познато дали овие чанти некогаш ќе почнат да се продаваат на пазарот.