Луѓе кои носат шарени чорапи се храбри, креативни и успешни

Шарени бои, весели дезени, интересни мотиви – додека едни луѓе цел живот носат едноставни и неприметни чорапи, други луѓе обожаваат необични, шарени чорапи.

Жените и мажите на кои под панталоните им се гледаат шарени чорапи се сметаат за луди, но многу експерти сметаат дека таквите луѓе имаат многу предности.

Луѓето кои носат шарени чорапи покажуваат дека не сакаат да се држат до стандардните форми и отворено ја покажуваат својата весела личност. Често водат револуција против формалноста и единственоста, пишува “Elite Daily”.

Облеката која ја носиме покажува каква е нашата личност, а луѓето кои носат чорапи во шарени бои се креативни, полни со живот и продуктивни, особено на работа.

Во Њујорк се смета дека претприемачите од Силиконската долина се заслужни за трендот на шарените чорапи, кои ги носат сите големи играчи во технолошката индустрија, со цел да покажат дека се дел од “тимот на интелектуалци”, кои размислуваат надвор од кутијата.

Психологот Адам Галински од САД смета дека ако сакаме да бидеме креативни, треба да излеземе од нашата комфорт зона и да носиме чорапи со точки или со хумористични натписи.