Љубовта им заврши: Том Хидлстон сам на доделувањето на „ЕМИ“

Британскиот актер Том Хидлстон на црвениот тепих при доделувањето на наградите “Еми” се појави без Тејлор Свифт.

35-годишниот Том се прошета по црвениот тепих во гламурозен костум, но сам, што е знак дека тримесечната романса со Свифт очигледно е завршена.

том хидлстон

Актерот доби прва номинација за неговата улога во минисеријата „The Night Manager“ и не изгледаше воопшто загрижен дека позира сам пред фото-објективите.

Сепак наскоро кон него се приклучија неговите колеги Оливија Колман и Хју Лори.

Том Хидлстон

Според извор на весникот, Том ја поканил Тејлор да го придружува, но таа одбила, бидејќи според неа нивната врска станала премногу јавна.

“Таа беше онаа која стави крај на врската. Том сакаше нивната љубов да биде јавнa, а таа не се чувствуваше удобно со овој факт. Тејлор ja знае непријателската реакција која доаѓа со јавните манифестации на приврзаност, но Том не слуша “, изјави извор близок до пејачката.

Том Хидлстон и Тејлор Свифт