Ова видео е доказ на што се се подготвени одредени луѓе за да стекнат популарност.
Социјалните медиуми изобилуваат со несоодветни постови, видеа и коментари, но она што го направила Марсела Зоиа ги премина границите.
Зоиа изнајмила апартман во зграда на 45 спрат од чиј балкон фрлала столици.
Марсела Зоиа сама се појавила во полиција во Торонто откако на Инстаграм објави снимка на која фрла столици од 45 спрат од зграда.
Видеото веднаш стана веднаш хит на интернет и разбесне многумина, па полицијата покрена истрага по што девојката сама се предала.
Откако се предала Зоиа го избришала својот Инстаграм профил со повеќе од 4.000 следбеници и морала да плати 2.000 долари кауција, а потоа ѝ било наредено да живее со својата мајка.
Не смее да контактира со останатите 4 лица со кои била додека го снимала видеото.