Македнскиот репрезентативец Елиф Елмас поради ситни проблеми со повреда го напушти репрезентативниот камп и се врати во Неапол каде ќе се посвети на клупските обврски.
Фудбалерот кој беше еден од клучните играчи на Игор Ангеловски во заверувањето на визата за пласман на Европското првенство сега го привлече вниманието со еден негов потег од пред тренинг центарот на Наполи.
Додека новинарот на „Скај Спортс“ одеше во живо со информации за клубот, одеднаш со својот црвен автомобил во кадар влета Елиф Елмас кој очигледно се уште е под импресии по големата победа против Грузија и пласманот на Европското првенство.
Видеото веднаш стана вирално, а фановите на Наполи уште еднаш во коментарите му честитаа на Македонецот за пласманот на Европското првенство и посочија дека се свесни за еуфоријата која се уште го држи играчот на нивниот тим.
Scusate ma è #Elmas quel pazzo che arriva con la macchina rossa? pic.twitter.com/yobjnLx9Ok
— Andrea Barison (@barison_andrea) November 17, 2020