Многу е важно на кој начин го стимулирате вашиот мозок, бидејќи преоптоварувањето на овој орган е штетно.
Резулатите од најновите истражувања покажуваат дека луѓето на воздраст над 40 години не треба да го преоптоваруваат мозокот со премногу работа бидејќи, резулатот е контрапродуктивен.
Институтот во Мелбурн за Применити Економии и Социјални Истражувања направи интересно истражување во врска со работните часови на лицата над 40 години.
Студијата била извршена на 3500 жени и 3000 мажи на воздраст од 40 години и повеќе.
Она што тие открија е дека 30 часови работа неделно се доволни за лицата над 40 години.
Оваа граница е одлична за подобрување на когнитивната функција на лицата во тие години, а со надминување пак на оваа граница, работата на мозокот се влошува.
Истражувањето покажало дека со 55 работни часови, вложувањето на когнитивната функција во мозокот е полоша дури и во споредба со луѓето кои не се вработени или пензионирани.
Луѓето кои учествувале во ова тестирање, биле надгледувани додека им била дадена задача да читаат на глас зборови, букви и бројки.
Професорот Колин Мек Кензи, кој го изведувал ова истражување истакнува дека со тоа што властите во некои држави сакаат да ја покачат старосната граница на пензионирање и ги форсираат луѓето да работат подолго време, мораат прво да размислат и да ги земат во предвид работните часови за лицата над 40 години.
Сепак истражувањата се уште се во тек бидејќи мора да се одреди конкретно за каков тип на работа станува збор.