Јапонски рибар уловил огромна риба со многу чуден изглед за која локалните жители тврдат дека се работи за мутант настанат после никлеарната катастрофа во Фукушима.
Рибарот Хирасака Хироши ја покажал рибата која ја уловил во водите меѓу Јапонскиот остров Хокаидо и руското крајбрежје.
Рибата навистина изгледа како некој мутант, но всушност се работи за морски волк, кој е поголем од просекот.
Морскиот волк расте до 1,2 метри, а овој примерок е долг 1,8 метри.
Нуклеарната катастрофа во Фукушима се случи во 2011 година, откако подрачјето беше погодено од земјотрес од 8,9 степени по Рихтер. После земјотресот кој следуваше смртоносно цунами.
Загинаа 18.500 луѓе, а кај рибите уловени во околните води беше измерена радијација 2.500 пати поголема од дозволената.