Луис Хамилтон и Рита Ора пристигнаа на одмор во Црна Гора (фото)

Возачот на Формула 1 и познатиот заводник, Луис Хамилтон својот одмор го поминува во Црна Гора поточно во летувалиштето Свети Стефан.

Возачот сепак не е сам, а друштво му прави Рита Ора. Тој долетал со приватен авион марка „Бомбардиер“ со интензивна црвена боја, кој наводно вреди 20 милиони фунти.

авион хамилтон

Не е јасно во какви односи се Луис и Рита, но познато е дека ова не им е прво заедничко летување.

Рита Ора на почетокот на годината на својот профил на Инстаграм се пофали дека со Хамилтон ужива во Мајами.