Возачот во Формула 1 и некогашно момче на Никол Шерцингер, Луис Хамилтон е во врска со ќерката на Лајонел Ричи.
32-годишниот британец е забележан во друштвото на Софија Ричи, манекенка која претходно беше во врска со Џастин Бибер.
Двојката е уловена на вечера во Беверли Хилс, а за време на париската модна недела постојано биле заедно.
Хамилтон по врската со Никол го поврзуваа и со Рита Ора, а младата манекенка, раскина со Бибер затоа што тој не бил за сериозна врска.