Луксузна вечера: Викторија и Дејвид Бекам уживаа во вино од 4000 евра

Викторија и Дејвид Бекам се познати по тоа што сакаат да уживаат во романтични интимни вечери.

Тоа го направија и пред некоја вечер во Лондон, каде буквално не штедеа.

Викторија на Инстаграм објави неколку фотографии од излегувањето, а фановите веќе зборуваат за цената на виното кое го пиеа.

Парот пиел црвено вино од 1995-та година вредно 2.500 евра од шише.

Викторија и Дејвид буквално уживале во ноќта па нарачале уште две шишиња вино за дегустација.

Тие биле малку поевтини, па чинеле 600 односно 750 евра шише.

Парот знае како да ужива во луксуз!