Лусиана Лопилато прв пат прозборе за борбата со ракот на нејзиниот син

Во ноември минатата година, Луисана Лопилато и нејзиниот сопруг Мајкл Бубле соопштија дека на нивното тригодишно синче му бил дијагностициран рак на црниот дроб.

Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ присуствуваше на пресконференција за нејзиниот најнов филм „Los que aman, odian“, каде за првпат јавно прозбори за тешката борба со ракот на малиот Ноа.

Мајкл Бубле и Лусиана Лопилато со синот Ноа

„Сакам да споделам со сите вас дека благодарение на Бог, син ми е добро. Секако, процесот е долг, како што знаете сите, и Ноа мора да продолжи со контроли. Но, ние сме многу среќни и многу сакаме да размислуваме за иднината, да ги гледаме нашите синови како растат. Тешко е да се зборува, бидејќи сето тоа се случи пред многу кратко време, па јас сум малку чувствителна на оваа тема“ – изјави Луисана и продолжи да ѝ се заблагодарува на филмската екипа за разбирањето и чекањето таа да може да продолжи со снимањето на филмот.