Мадона лута: Без дозвола се снима филм за пејачката

Мадона била лута поради веста дека холивудско студио планира без нејзинa согласност да сними биографски филм за нејзините рани години во Њујорк, кога се обидувала да се пробие во музичкиот бизнис.

„Никој не го знае она што јас го знам и она што сум го видела. Само јас можам да раскажам приказна“, напиша таа на својот профил на Инстаграм.

„Секој друг кој ќе се обиде, е шарлатан и будала. Барањето на инстантно задоволство без работа. Тоа е болест во нашето општество“, продолжи таа.