Мадона му предложи брак на Шон Пен за 150.000 долари

Бракот на славната двојка траеше само 4 години, но изгледа Мадона е подготвена повторно да стане сопруга на Шон Пен за соодветна сума.

Во случајот станува збор за 150 000 долари, кои актерот веднаш беше подготвен да ги плати.

мадона и шон пен

Сензационалната вест се роди пред неколку дена на добротворна гала во Мајами, организирана од фондацијата на кралицата на попот „Raising Malawi“.

За време на презентацијата на дел од накитот пејачката го насочи вниманието токму кон Пен и се провикна од сцената, дека ќе се омажи за него, повторно, ако понуди 150 000 долари.

мадона и шон пен

Шон не се двоумеше, но други господа беа жедни да добијат парче од Мадона и понудија поголеми износи.

Таа ги воодушеви сите гости и најверојатно и самиот Шон кога призна: “Се уште сум вљубена во тебе”.

мадона и шон пен