Мафини со пармезан и компири

Состојки:

2 чешниња лук
1 црвен кромид
200 мл. хопла
200 мл. млеко
300 гр. пармезан
½ лажичка сол
¼ лажичка бибер
1 лажица мајчина душица
3-4 компири
путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте со путер 12 калапи за мафини.
Ситно исецкајте ги лукот и кромидот. Измешајте ги во длабок сад заедно со хоплата и млекото. Додадете 200 гр. рендан пармезан. Зачинете ја смесата со сол, бибер и мајчина душица и добро промешајте. Излупете ги компирите и исечете ги на потенки кругови.
Наполнете ги калапите за мафини со кругчињата од компири, но внимавајте да не се повисоки од калапот. Потоа во секој од калапите рамномерно истурете од смесата со пармезан. Лесно покријте ги калапите со фолија и печете ги во загреаната рерна 35 минути. Потоа тргнете ја фолијата и рамномерно додадете врз секој калап од преостанатиот пармезан. Вратете ги во рерна и печете ги уште 15 минути додека пармезанот да добие златна боја.
Оставете ги да се изладат околу 5 минути и потоа внимателно со помош на нож остранете ги компирите од калапите.

мафини со пармезан