Мајка си го заборавила бебето на аеродором-пилотот го вратил авионот!

Мајка од Саудиска Арабија го заборавила своето бебе на терминалот на меѓународниот аеродром King Abdul Aziz во Џеда, Саудиска Арабија.

По полетувањето на авионот мајката го алармирала авионскиот екипаж за настанот. Таа одбила да продолжи со летот, по што пилотот на авионот бил приморан да бара дозвола за враќање назад.

Бизарниот инцидент се случил во текот на изминатион викенд кога авионот Авионот SV832, кој летал на релација Џеда – Куала Лампур, кратко време по полетувањето се вратил на аеродромот бидејќи патничка го заборавила своето бебе на тамошниот терминал.

Авионот SV832, кој летал на релација Џеда – Куала Лампур, се вратил откако мајката од Саудиска Арабоја го информирала екипажот на кабината дека го заборавила своето бебе на терминалот на меѓународниот аеродром King Abdul Aziz International Airport,

На видеото што се појави на социјалните медиуми се слуша гласот на пилотот кој бара дозвола да се врати назад на аеродромот. Тој разговара со операторите од Контролата за воздушен сообраќај, кои затечени и изненадени се обидуваат да го пронајдат протоколот што треба да се следи за таков инцидент.

Во ургентни случаи или кога нешто се случува да го натераат пилотот да сврти назад, авионите добиваат дозвола за да се вратат на аеродромите.