Од минатата недела на големо се зборува дека Бијонсе се породила, а Џеј Зи беше и забележан во болница во Лос Анџелес.
И додека светот чека да ги види близнаците на пејачката, нејзината мајка предизвика конфузија со последното видео.
Тина Ноулс на Инстаграм сподели дел од атмосферата од забава во Њујорк, а во видеото вели:
„Во Њујорк на свадба кај синот на моите пријатели. Господ дозволува работите да се случат кога тој сака, а не кога сакаме ние. Не се обидувајте да ги брзате работите“.
Дали има некаква скриена порака во нејзината изјава или семејството Ноулс се обидува само да ја збуни јавноста, останува да видиме.