Познатиот актер Мајкл Џ. Фокс откри дека боледува од паркинсова болест во 1991 година, кога имаше само 30 години.
Мајкл во интервјуто за списанието „Haute Living“, зборуваше се соочува со ова пореметување на централниот нервен систем.
„Тоа беше како будење зошто долго ја чував мојата тајна. До сега веќе требаше да бидам неподвижен, а сум далеку од тоа“, вели Фокс.
Актерот веќе со години е борец против паркинсковата болест, а неговата фондација во последните 16 години донирала 650 милиони долари за истражувања.
„Само кога спијам моето тело се одмара, но и медитацијата има слично дејство“, објаснува актерот.