Мајкл Џексон во 2016 година заработи неверојатни 825 милиони долари и со тоа се најде на самиот врв на листата на починати ѕвезди кои заработувале оваа година, соопшти магазинот „Форбс“.
Интересно е тоа што од 2009 година, кога почина, Мајкл редовно беше на врвот на споменатата, со искчлучок на 2012 година кога првото место и припадна на неговата добра пријателка, Елизабет Тејлор.
Оваа година беше продаден неговиот дел во сопственоста на издавачкиот каталог „Sony/ATV“, во кој посебно место заземаат албуми на легендарната група „Битлси“. Цената за тоа е 750 милиони долари.