Потребно е:
400 гр макарони,
170 гр блитва,
5 јајца,
160 гр печени пиперки,
350 гр козјо сирење,
150 мл млеко,
маслиново масло,
сол
Подготовка:
Сварете ги макароните според упатството на пакувањето. Исцедете ги од вишокот течност.
Блитвата исчистете ја, измијте ја убаво и ставете ја 1-2 минути да се бланшира во вода што врие. Исцедете ја и ситно исецкајте ја. Печените пиперки излупете ги и ситно исецкајте ги. Издробете го сирењето.
Во еден подлабок сад изматете ги јајцата со млекото и потоа додадете ги сирењето и зеленчукот и убаво измешајте.
Огноотпорен сад премачкајте го со масло, ставете ги макароните и на крај и смесата со зеленчук и јаца. Измешајте. Одозгора ставете малку масло и повторно измешајте.
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25-30 минути.