Сеуште на големо се зборува за роденденската забава на Боки 13 која се случи овој викенд, но овој пат акцентот е ставен на македонската водителка Елена Стефановска.
Таа беше помеѓу македонскиот џет-сет кој присуствуваше на роденденот, каде се појави во друштво на згодно момче.
Иако Елена со години успешно го крие својот приватен живот, овој пат беше „фатена“ на дело.
Водителката на Фејсбук објави фотографија од нејзиниот стајлинг, а веднаш до неа седи згодно момче кое намерно или не беше исечено од фотографијата.
Но, истата фотографија Елена ја објави и на Инстаграм каде заборави да го скрие момчето.
Кое е мистериозното момче кое и правеше друштво на водителката останува да бидеме во неизвесност, се додека Елена не реши сама да го открие својот љубовен статус.