Македонски планинари со велосипеди го искачија највисокиот врв во Африка (видео)

Планинарите Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев станаа првите Македонци кои со велосипед ја искачија највисоката планина во Африка, Килиманџаро во Танзанија.

Тие го искачија 5.895 врвот Ухуру, на 5.895 метри надморска висина.

Авантурата ја започнале на 14. февруари од градот Аруша кој е на 1.400 метри надморска висина.

Последната пауза пред искачувањето на Ухуру ја направиле на 4.700 метри каде што преспале, а потоа за пет и пол часа стигнале на врвот.