Македонските млади пејачи уште еднаш потврдија дека го негуваат споменот кон нашиот Тоше.
Боби Мојсовски и Даниел Јовески, направија преработка на „Игри без граници“ во чест на македонскиот ангел.
„Да покажеме дека Тоше Проески ќе живее секогаш во нас и ќе учиме од него за сите најдобри човечки особини и музички квалитети“, вели дуото зад музичкиот проект.
Слушнете ја нивната верзија.