Мала дива: 6-годишната Блу Ајви потроши 19.000 долари на аукција (видео)

Семејството Картер се појави на Wearable Art галата во Лос Анџелес, каде главни ѕвезди беа Бијонсе и Блу Ајви.

Мајката и ќерка се појавија во исти златни костими и интересни додатоци на главата.

Beyoncé & Blue tonight. #wearableartgala #wacotowakanda @wacotheater

A post shared by Beylite (@beylite) on

Сепак она што го украде целото шоу беше наддавањето на Блу Ајви.

Малата принцеза понуди 19.000 долари за уметност и покрај тоа што нејзиниот татко Џеј Зи се обиде да ја спречи.

Денеска многумина коментираат дека однесувањето на 6-годишното девојче е недолично.