Бруклин Бекам цело лето го помина во Њујорк каде ги надоградуваше своите фотографски вештини, а поголемиот дел од времето го поминуваше со девојката Клое Морец.
Но, тинејџерот одлучи да помине време и со своето семејство, поточно помладиот брат Ромео па го однесе на концерт на Адел во Лос Анџелес.
17-годишниот Бруклин се појави во фармерки и јакна од колекцијата на Кание Вест за Адидас, иако најмногу внимание приблече неговата нова фризура.
Тинејџерот направи суканици!
Што ќе рече мама Викторија на ова останува да видиме, иако многумина денес коментираат дека новата фризура не му прилега.