Спотот за „Da raskinem sa njom“, хитот на Цеца привлече многу внимание поради згодните манекени во него.
Александар доста долго се поврзуваше со фолкерката, но уште еден манекен сега привлекува внимание.
Дерек Жугиќ изјави дека е заљубен во нејзината ќерка, Анастасија.
„Анастасија не ја запознав додека го снимавме спотот. Тогаш ја видов само Цеца која ме воодушеви. Таа е професионалец, посветена е и вистински џек. Јас потоа се вратив во Америка, а ова лето се вратив за одмор во Будва. Таму ја запознав Анастасија. И пријдов, се запознавме и почнавме да разговараме. Беше многу убава и љубезна, а јас се „заљубив“ на прв поглед. Нејзините другарки ме хејтаа, очигледно не беа навикнати некој туку така да им пријде“, раскажува Дерек.
Моделот по потекло е србин, но роден е во Америка каде со години работи како фото-модел.