Мараја Кери повторно застана на првото место на листа на омилени божиќни песни на „Билборд“.
Песната на Мараја „All I Want for Christmas is You“ се врати на број еден и оваа година, зацврстувајќи ја својата позиција на омилена божиќна песна.
На второ место е каверот на култната песна на Леонард Коен “Hallelujah” во изведба на групата Pentatonix.
На трето место е класиката од 1958 година на Бренда Ли “Rockin ‘Around the Christmas Tree”.
На четврто и петто место се соодветно “Jingle Bell Rock” на Боби Хелмс и “The Christmas Song” на Нат Кинг Кол.
Рангирањето на “Билборд” за стоте омилени празнични песни излегува од 2011 година и го вклучува периодот од Денот на благодарноста до Божиќ.