Марија Шерифовиќ со години успева да го држи својот приватен живот далеку од очите на јавноста, но кога на среќата и нема крај таа сака да ја сподели со сите.
Пејачката на Инстаграм објави фотографија на која се гледаат две дланки на кои има идентични веренички прстени.
„Ќе ме засакаш најлоша – ќе ме добиеш најдобра. Прифаќам“, стои во коментарот на Марија.
Очигледно пејачката ја пронајде својата сродна душа, иако сеуште не знаеме која е среќната девојка, односно новата вереничка на Шерифовиќ.