Маркетинг трик или мајка за пример? Оваа манекенка ја разбранува јавноста (ВИДЕО)

Мара Мартин е манекенка која стана вистинска сензација на социјалните мрежи откако вчера на ревијго доеше нејзиното бебе додека чекореше по пистата.

Веднаш откако се појави на ревијата, нејзините следбеници почнаа да пишуваат позитивни коментари и целосно ја поддржаа нејзината решителност таа да се појави на пистата доејќи ја ќерката.

„Ова беше една од најубавите работи што ги имам видено во животот“, напиша еден корисник на Инстаграм под фотографијата.

Некои од корисниците немаа позитивно мислење, па коментираа дека целата работа околу доењето е малку претерана и дека не било потребно вакво нешто.