Марко Новески: Дедовците ме научија како да живеам и да сакам

Марко Новески со години е еден од највпечатливите ликови од македонската јавна сцена.

Секогаш позитивен, тој е омилен на сите генерации.

Освен со квизот “Листа за 300” на ТВ Сител, моментално е актуелен и со радио емисијата “Во движење”, на скопското Радио Хит 107.4, каде два часа ги расположува слушателите по напорниот работен ден.

Со Марко поразговаравме за неговото детство, поконкретно за неговите дедовци и она што тие го научиле.

Дедо:Марко, опиши го твојот дедо со три (неколку) зборови

Марко: Морам да ги споменам и двајцата мои дедовци, едниот поетична душа, а другиот хируршки прецизен во се што правеше.

Дедо:Што тие те научија во детството а до ден денес го практикуваш

Марко:Едниот ме научи да фантазирам и да размислувам поинаку за нештата што ме опкружуваат, а другиот да се посветам на се што ќе започнам со максимална концентрација.

Дедо:Кој е твојот омилен спомен со твојот дедо

Марко:Со едниот дедо омилен спомен ми се како што тој сакаше да ги нарече експедициите каде мене и братучедите не носеше на долги прошетки во природа, а со другиот дедо омилени ми се спомените од престоите во викендичката со другите мои братучеди и дружбата со нив… Сега дружбите не се такви, невини од една страна, а полни со енергија од друга.

Дедо:Имаш ли некаков аманет од твојот дедо

Марко:Па можам слободно да кажам дека и од едниот и од другиот научив како да живеам и да сакам