Мажите кои во теретана се трудат да го изгубат вишокот на килограми, слабеат поефикасно доколку не вежбаат во друштво на жени.
При едно истражување, се покажало дека во процесот на слабеење во теретана кој траел 12 недели, оние мажи кои вежбале заедно и во присуство само на мажи изгубиле во просек по шест килограми.
Спротивно на нив, оние мажи кои вежбале во простории каде доминираат жените изгубиле три килограми помалку.
Образложението за овие резултати истражувачите го објаснуваат многу едноставно.
Мажите се посигурни во себе кога жените не се во нивна близина и нивниот натпреварувачки дух излегува на виделина. Додека во друштво на жени во теретана, ослабнува нивната сигурност и тие се срамежливи и помалку енергични.