Овој тинејџер има ретко генетско пореметување и неговата мајка не знае кога ќе престане да расте.
Тој го сруши рекордот со својата висина од 2.34 метри и сеуште расте.
Кога тргнал во градинка бил висок 1.57 метри, а во основно училиште веќе имал 1.83 метри.
Брок го има синдромот „Сотос“, познат како церебрален гигантизам, а му бил откриен кога имал само 5 години.
Ова пореметување се јавува кај околу 15.000 луѓе, а докторите мислат дека ќе има нормален живот и покрај здравствените проблеми.
Брок има потешкотии во учењето, шум на срце и крив рбет.
Роден е со еден бубрег, па затоа не може да прима лекарства за болки.
Брок Браун кој официјално е највисокиот тинејџер на светот расте за околу 15.24 сантиметри годишно.
Ако вака продолжи, ќе го помине моментално највисокиот човек на светот, кој е висок 2.49 метри.