Во Америка се направило истражување за да утврди кои професии најмногу се поврзани со пиењето на кафе.
Опфатени биле 400 Американци од различни професии.
Според истражувањето 28 насто од анкетираните пијат повеќе од три шољи кафе додека се на работа. 43 насто изјавиле дека кафе пијат за да бидат попродуктивни.
Што се однесува до најкафеџиска професија – резултатите покажале дека тоа се куварите и вработените во рестораните. Второто место им припадна на научниците и на продавачите.
Иако се смета дека новинарите се најмогу по кафето според ова истражување медицинските сестри ги надминаа новинарите.
Еве како истражувачите ги рангираа професиите
1. Вработени во кујна и ресторани
2. Научници
3. Продавачи
4. Маркетинг и пр агенти
5. Медицински сестри
6. Новинари
7. Раководители/ Менаџери
8. Наставници
9. Технички инженери
10. ИТ експерти