Меган Маркл е прогласена за жена на годината

Од актерка до член на најмоќното кралско семејство, ова и појде од рака на Меган Маркл, која е прогласена за Жена на годината според британското списание „Hello“.

„Меган е поим и претставничка на новата генерација жени, кои можат се. Таа е одличен извор на инспирација“, изјави биографот на принцезата Дајана, Ендрју Мортон, кој моментно работи на животната приказна на Меган Маркл.

Таа успеа да и се допадне и на строгата кралица Елизабета Втора, која оваа година направи исклучок.

Актерката е поканета на тридневната божиќна прослава во Сандрингем, каде традиционално доаѓаат само членови на кралското семејство.

Со таква почест не беа удостоени ниту Кејт Мидлтон, ниту Камила Паркер, ниту Дајана.