До доаѓањето на првото дете на славниот кралски пар има уште неколку месеци, но сопружниците веќе почнуваат да се подготвуваат.
Според извори блиски на кралското семејство, Меган и Хари веќе ги добиле првите совети за родителство и веќе почнуваат да ги спроведуваат.
Парот е доста близок со холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал а од нив добиле доста корисни совети.
Клуни им препорачал и добра дадилка која би им помогнала во грижата за детето.
Станува збор за Кони Симсон, која е позната по тоа што се грижела за многу дечиња на познати родтители, меѓу кои и близнаците Ела и Александар Клуни и синот на Џастин Тимберлејк.
Се шушка дека кралското семејство веќе ја ангажирало Кони.