Меган Маркл се враќа во Америка

Војвотката од Сусекс, бившата американска актерка Меган Маркл се враќа во родната Америка, пренесуваат британските медиуми.

Меган со својот сопруг, принцот Хари, на кратко ќе ја напуштат Англија и ќе патуваат во Америка и во Канада.

Патувањето е планирано во пролет, откако на свет треба да пристигне и најновиот член на кралското семејство.

Наводно, војвотката планирала и порано да отпатува во Америка, но била спречена поради бременоста, па го одложила патувањето откако ќе се породи.

Сеуште не е прецизирано дали ова патување е по службена должност или парот едноставно ќе летува овде.